Утрински Весник
Македонија

Директорот на БЈБ има двојник – се појави негов лажен профил

Image 214514.jpg

Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност се огласи на својот фејсбук профил алармирајќи дека се појавил лажен профил на социјалните мрежи со негово име и презиме.

“Почитувани граѓани, фејсбук пријатели, сакам да ве информирам дека и јас, односно мојот официјален фејсбук профил како директор на Бирото за јавна безбдност на МВР, ја доживеа “честа“ да има свој “двојник“! Искрено говорејќи, како и повеќето од вас, и јас најостро ја осудувам појавата на креирање лажни профили, злоупотребата и манипулацијата со лични фотографии и податоци, тој најблаго кажано – крајно недоличен и законски недозволив начин на однесување во користењето на социјалните мрежи.

Секако случајот веднаш е пријавен не само заради заштита на мојот личен интегритет, туку и заради заштита на интегритетот на институцијата која што ја претставувам – македонската полиција – и на која што исто така и се нанесува штета преку незаконското користење на фотографи, постови и информации.
Министерството за внатрешни работи врз основа на своите надлежности а согласно одредбите од Кривичниот закон на РСМ, член 149, поднесе извештај до ОЈО Скопје со што е започната постапката за откривањето на лицето кое што стои зад ова дело.

Сакам на крајот да упатам апел до сите корисници на социјалните мрежи дека сите ние сме должни да ги почитуваме и практикуваме веќе утврдените законски и регулаторни норми за употреба на социјалните мрежи. Точно е дека секој поединечен профил на некој начин го репрезентира личниот светоглед, личното сваќање и погледи на секој корисник, и тоа треба да биде така, но воедно точно е и дека тој, профилот, е и репрезент на нашата личната одговорност и совесност.”, напиша Александар Јанев.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег