Утрински Весник
Македонија

Родителите гневни: Децата со посебни потреби без асистенти, министерката лажно информира

Ucenici1.webp.webp

Денес започна учебната година, но не и за децата со попреченост, бидејќи тие останаа без нивните лични асистенти и нема да може да ја следат наставата, што ги изреволтира родителите.

Родителите на децата со попреченост бурно реагираа на социјалните мрежи, истакнувајќи дека министерката за образование, Весна Јаневска, лаже и изнесува невистини во врска со личните асистенти.

„Асистентите од денес се под заводот за вработување, немаат потпишано договори. Нашите деца се вратија дома на првиот училишен ден и ќе седат дома затоа што без асистентите кои со години ги имаат, нашите деца не можат да следат настава“ пишува Зоран Мијалков, родител на дете со попреченост.

Тој додава дека неговиот син ја имал истата лична асистентка изминатите три години, но сега бидејќи нејзе ѝ е прекинат договорот со Министерството за образование и наука, неговиот син не може да посетува настава и на првиот училишен ден бил вратен дома.

Овој статус на Мијалков предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што многу родители и поддржувачи го изразија своето незадоволство од начинот на кој се третираат децата со посебни потреби во образовниот систем.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор