Утрински Весник
Македонија

Дел од горивата поевтинуваат од полноќ

Goriva 308648 329693 330502.jpg

Цените на Еуросупер бензините од 95 и 98 октани се намалуваат за половина денар, а Мазутот ќе се продава за 0,39 денари помалку од вечерва на полноќ. Цената на дизел горивото останува непромената, а раст има единствено кај Екстра лесното масло за горење.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 44,780 (денари/килограм)

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 проценти. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување поради што во структурата на цените на домашниот пазар е извршено соодветно прилагодување.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!