Утрински Весник
Економија

Ажурирани се податоците на порталот „Отворени финансии“

Mf.webp.webp

Министерството за финансии информира дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот „Отворени финансии“ се ажурирани.

– Поради нестручност на фирмата која го одржува порталот, воедно и поради недостаток на ИТ кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнува да се јавува уште во февруари. Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно го вратија во функција порталот „Отворени финансии” и ќе продолжат да работат на негово подобрување, се наведува во соопштението од МФ.

Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување.

Корисниците преку овој портал, информираат од МФ, можат да пребаруваат информации за реализација на Буџетот одделно по институции и извршени трансакции.

Од МФ потсетуваат дека порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и и дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници. 

Можете да прочитате

Трендафилов објави нови пресметки – кошничката зголемена за 969 денари

СДСМ: Парите планирани за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

Минималната кошница за февруари изнесува 67.382 денари