Утрински Весник
Економија

Мицкоски нема да ги ограничува цените на лебот, ама ќе анализира колку се скапи моливите

Mickoski.webp.webp

Откако учебната година започна и учениците веќе ги набавија училишните производи, премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе воведувале ограничувања на цените, за да ги олеснеле трошоците за родителите.

Тој рече дека во Владата се уште се прави анализа на овие трошоци, а утре на владината седница ќе се разгледувала предлог мерката.

Од друга страна, пред само пет дена, премиерот Мицкоски за цените на прехранбените производи рече дека цените треба да ги одредува пазарот и најави дека владата нема да се обиде да ги ограничува цените.

„Ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Ако влеземе во една политика на ограничување, тогаш видовте какви резултати ни даде таа политика-ни даде спротивни ефекти од тие што ги очекувавме. Затоа, политиката на оваа Влада е да поддржува инвестиции и затоа не е политиката на оваа Влада да одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка, затоа што парите на тој начин губат вредност и иста количина на пари по еден месец ја губи својата вредност и деноминира, би рекол за десетина проценти“ рече Мицкоски на 28 август.

Само за пет дена, од пазарна економија, во која пазарот ги диктира цените, одеднаш Мицкоски е за ограничувања на цените за училишниот прибор. И ваквата популистичка најава доаѓа откако родителите веќе ги подготвија нивните деца за учебната година која веќе започна, што значи дека нејзиниот ефект за семејните буџети ќе биде минимален.

Од друга страна, прехранбените производи се работи кои граѓаните ги купуваат секојдневно и чие зголемување на цените најмногу влијае врз нивните буџети. Претходната влада, со цел справување со ефектите од економската криза и нејзиното влијание врз домаќинствата, ги следеше и ограничуваше цените на основните производи, ограничувајќи ги профитните маржи, но и цените на одредени производи.

Извор: Рацин.мк

Можете да прочитате

Ажурирани се податоците на порталот „Отворени финансии“

УЈП во контроли во Виница и Свети Николе

Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање