Украинските власти денеска соопштија дека собориле 22 руски ракети насочени кон Киев и два други региона во текот на ноќта за време на напад во кој беа ранети две лица.
Во североисточниот град Суми, центар за социјална заштита за деца и сиропиталиште претрпеа оштетувања по ракетниот напад во неделата вечерта, при што беа повредени 13 лица, меѓу кои четири деца, изјави градоначалникот Олександар Лисенко на Телеграм.
Украинските одбранбени сили собориле девет балистички ракети, 13 крстосувачки ракети и 20 беспилотни летала.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека двајца возрасни се повредени, а четири автомобили се запалиле по нападите.
Вјачеслав Гладков, гувернер на руската област Белгород, што граничи со Украина, рече дека во воздушен напад на украинските сили во текот на ноќта рането е едно лице и оштетена е продавница и инфраструктурен објект во истоимениот град.