Утрински Весник
Македонија

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки

Akim.png

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери.

Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите.

Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата, СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно, вели Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.

Посочува дека основната плата без додатоци во основното образование е околу 33.500 денари, а во средно 34.600 денари.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет