Утрински Весник
Македонија

Битолчанец изнудувал пари од негова сограѓанка, па заврши во притвор

1706608799 1.webp.webp

На 31.08.2024 во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 денари. Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени.

Со наредба на Основен суд Битола, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

Лицето било приведено во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. 

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија