Утрински Весник
Магазин

Ни се закануваа епидемија предизвикани од зоонози: Опасните заразни болести ќе ги пренесуваат животните

Img 3288.webp.webp

Зоонозите се заразни болести предизвикани од бактерии, вируси, габи и паразити, кои се пренесуваат од животните на луѓето преку директен физички контакт, воздух, вода или посредник како инсекти. Според научниците, одредени зоонозни болести би можеле да убијат до 12 пати повеќе луѓе во 2050 година отколку во 2020 година.

Епидемиите предизвикани од зоонози ќе зачестат поради климатските промени, уништувањето на шумите и други фактори. Пробивот во бариерата на видовите во последните години овозможи некои болести кои беа исклучиво поврзани со животните да се пренесуваат и на луѓето.

Постојат околу 300 зоонозни болести кои можат да се пренесат од животни на луѓе, и обратно. Овие болести можат да бидат вирусни, бактериски, габични или паразитски. Вирусните болести, како вирусот ебола, често не можат да се спречат со вакцина, а пример за други зоонозни болести се беснилото, токсокаријазата и ехинококозата.

Кучињата и мачките се чест извор на зоонозни инфекции. Кучињата можат да пренесат паразитски болести преку лижење, додека мачките, особено за бремените жени, претставуваат ризик од токсоплазмоза и други габични инфекции. Свинското месо, ако не е доволно термички обработено, исто така претставува ризик од трихиноза, неизлечива болест која може да предизвика срцева слабост и смрт.

За да се спречат овие болести, важно е редовно да се прегледуваат домашните миленици кај ветеринар, да се избегнува контакт со нивната плунка, и да се избегнува консумација на недоволно термички обработено месо.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста