Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, како што и претходно најавив, првата седмица од месец септември кај нас во Македонија, па и во целиот регион ќе помине во знакот на натпросечно високи температуреи на воздухот (Продолжено лето). Сепак, утрата ќе бидат релативно свежи што е веќе нормално за почетокот на месец септември. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот некаде помеѓу 10 и 19 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
На картата погоре може да се види аномалијата на температурите за првата седмица од месецот септември. Таа укажува на тоа дека особено во регионот ќе биде невообичаено топло за почетокот на септември со многу високи температури на воздухот кои на многу места ќе надминуваат 30 степени. Исто така, може да се види дека натпросечно топло ќе биде и во Македонија, но аномалијата на температурите е нешто поумерена за разлика од регионот.
На втората карта може да се види аномалијата на врнежите. Тие би биле потпросечни, што значи дека врнежите ќе ни фалат и во првата седмица од месец септември, тоа значи дека сушниот период продолжува насекаде на Балканот. Во Македонија пак потпросечни врнежи се очекуваат во северните и во северозападните предели од државава, додека во останатите предели тие би биле околу просекот, но и во останатите предели во првата седмица на септември би имале претежно стабилно и суво време, меѓутоа, во попладневните часови не се исклучува можноста за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските предели.
Се на се, како што и претходно кажав, граѓаните слободно да си планираат каде би го поминале својот одмор во првата седмица, па може да се каже и во втората седмица од месец септември, поради тоа што не очекува продолжено лето, со оглед на тоа дека од утре (1.9.2024) ни започнува и климатолошката Есен, односно кога денот е веќе се пократок, а ноќите ќе бидат се подолги.