Утрински Весник
Македонија

Лефков: Купувала карти за Дубаи од 3000 евра како за службено патување, а потоа не одела,

Lefkov 31.08.2024.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не.

Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала.

На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.

Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок?

3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари.

Утре продолжуваме со нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите