Утрински Весник
Македонија

Денешниот ден ќе биде многу ветровит – Попладне повторно локална појава на пороен дожд и грмежи

Gustkph 20240831 00 012.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, денешното утро донесе најниска температура од 12 степени во Берово, додека во Гевгелија се измерени 18 степени, исто температура од 18 степени утринава беше измерена  и во Демир Капија.

На картата погоре можете да ги погледнете  и останатите минимални температури измерени утринава во Македонија.

Инаку денес во попладневните часови повторно ќе имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Можна е  и поретка појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Да напоменеме дена во текот на денешниот ден ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Можете да прочитате

Манасиевски: Сите против Филипче – Филипче за нигде!

Ги излажал дека ќе ги носи на одмор – кумановец измамил две семејства за 6.000 евра

МетеоАларм најава: Доаѓање на вистински зимски услови, типични за декември