Утрински Весник
Македонија

Започнува 51. Меѓународна научна конференција при УКИМ

Ohrid.jpg
Dik 300x250 mk

Со свечено отворање денеска во 11:00 часот, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, ќе започне дводневната 51. Меѓународна научна конференција, на која ќе учествуваат 85 македонисти, филолози, слависти, балканолози, културолози, академици, емеритуси, раководители на Катедри на лекторатите, професори, научни истражувачи, лектори и преведувачи.

Како што информираат од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, конференцијата се одржува по повод: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, а ќе се работи во две секции: јазична и литературно-културолошка.

Слоганот на конференцијата „75 за 75“ се однесува на „75 реферати за 75 години УКИМ“.

Меѓународна научна конференција се одржува веднаш по завршувањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, која доживеа огромен успех.

По конференцијата, ќе следува публикување на Зборник предавања од 57. Летна школа и Зборник на трудови од 51. Меѓународна научна конференција.

Можете да прочитате

Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

МЖСПП: Пластичниот отпад во Вардар е поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите

Обид за убиство во Скопје