Утрински Весник
Македонија

Министерката за енергетика Божиновска, во Чешка произведувала и рекламирала биоразградливи хулахопки

Image 21.png

Фирмата на министерката за енергетика Сања Божиновска што таа ја поседувала во Чешка е поврзана со производство на хулахопки и женски чорапи од биоразградлив материјал, открива порталот РСЕ.

Адресата на компанијата „Sustainable services s.r.o“ во Чешка, на улицата Вархулкова 1582/24 е исто така адреса која наведена како контакт на седиштето на брендот за биоразградливи хулахопки „Божици“.

Дека Божиновска била поврзана со производство на биоразградливи хулахопки покажува и нејзиното интервју за порталот „Репортер Магазин“ од Чешка каде таа зборува за целиот производствен процес, за идејата за започнување на таков бизнис, па се до моментот како брендот го добил името „Божици“.

„Седев во кафуле со пријател и други познаници, а една госпоѓа ни кажа дека тоа се „божествени хулахопки“. Затоа решив дека тие ќе бидат „Божици“. На почетокот ми изгледаше малку чудно, бидејќи се презивам Божиновска. Но, на крајот помислив зошто да не. Така ќе биде скратеното име на божествените хулахопки и од моето презиме“, одговара Божиновска во интервјуто направено пред нешто помалку од една година, односно на 30 октомври 2023 година.

Многу пајажини околу Божиновска

Откако седна во министерската фотелја Божиновска ја следат многу темни петна. Министерката досега не одговори детално околу бугарскиот пасош што го поседувала, а вниманието на јавноста го привлече и нејзиниот анкетен лист вреден милиони евра каде се наведени недвижности во Србија, Шпанија и Португалија.

Неодамна, СДСМ објави скандал поврзан со Божиновска кој се однесува на долг од еден милион евра кон државната МЕПСО на фирмата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“ чиј основач и еден од управителите била токму таа.

Милионски вреден имот

Судејќи по поднесените анкетни листови, Божиновска е еден од најбогатите членови на Владата на Мицкоски, со пријавен милионски имот.

Покрај фирмата во Чешка, Божиновска пријавила и два стана во Центар, два стана во Шпанија, еден во Србија еден во Португалија, како и девизни приливи од овие држави.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите