Утрински Весник
Македонија

Шутаров: Проектот за БТР е одговорност на мнозинството во Советот од ВМРО ДПМНЕ

Shutarov.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Кај Советот на град Скопје избран во 2021 година лежи одговорноста за јавниот превоз во однос на ново модерно еколошко трансформирање од сегашниот јавен превоз, нешто сосема ново што ќе одоговори и ќе ги задоволи потребите на граѓаните на градот Скопје, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров на денешната седница на советот на Град Скопје.

Шутаров, побара став од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која партија сега ја практицира централната власт, бидејќи за проектот БРТ има донесено закон во Собранието.Овој проект е одговорност на оваа централната власт, не може да нема став за нешто за што се добиени пари, течат камати за неисполнување на обврските, кои владата треба да ги плати, за проектот којшто треба да добие зелено светло од Советот на град Скопје, рече Шутаров, додавајќи дека финансиските обврски за БРТ, кој е европски проект, стануваат оптоварување и за град Скопје и за владата.Шутаров нагласи дека СДСМ јасно, гласно, транспатентно и недвосмислено како и досега образложено ќе гласа за БРТ и за набавка на нови еколошки автобуси.

Треба да почне постапка која ќе овозможи нови автобуси, не за ден-два, туку година/две, а овој совет ќе го заврши мандатот. Ние треба да оставиме нешто позитивно за идниот совет на Град Скопје, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров и запраша до каде е најавеното сервисирање на 30 автобуси, со оглед на тоа дека започнува учебната година, во тек се уписите на студентите.

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре