Утрински Весник
Свет

Борел почнал консултации со земјите-членки на ЕУ за тоа дали да се воведат санкции против израелските министри

1706611790 unnamed file.webp.webp

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека почнал консултации со земјите-членки на ЕУ за тоа дали да се воведат санкции против „некои израелски министри“.

„Ја започнав процедурата да ги прашам земјите-членки дали сметаат дека е соодветно да вклучат во списокот со санкции одредени израелски министри кои шират неприфатливи пораки за омраза против Палестинците и предлагаат работи што се во јасна спротивност со меѓународното право“, изјави Борел пред новинарите пред средбата со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел.

Шефот на европската дипломатија не спомна ниту едно име на израелски министер.

Можете да прочитате

Џо Бајден итно опериран,снимен е со голем рез на главата

Нов силен земјотрес регистриран во југоисточен Авганистан

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда