Утрински Весник
Балкан

Починато бебе донеле во итната помош во Подуево: Паднало од лулката додека спиело

Bebe 4.jpg

Косовската полиција покрена истрага за смртта на двегодишно бебе во Подуево.

Според полицијата, нејзиното семејство без знаци на живот ја однело во Ургентниот центар.

„Со одлука на обвинителството телото е испратено на обдукција. Случајот е во истрага“, се наведува во соопштението.

Трагедијата се случила во селото Пенух.

Според семејството, таа се истркалала од лулката додека спиела.

Можете да прочитате

Голема полициска акција во Србија, шест лица се уапсени, девет деца спасени

Волк забележан во населено место на Халкидики

Патник на атинскиот аеродром се обидел да внесе во Грција над 35 килограми суров канабис