Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До сабота честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

Grmljavina.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност која е со центар источно и југоисточно од нас, продолжува периодот на многу нестабилно време во Македонија. Во ваква ситуација, до сабота, особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси (во форма на невреме), проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења  и со услови за појава на град.  Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион, до сабота особено во попладневните  и во вечерните часови ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, наутро ќе биде прилично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 33 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корст за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите