Утрински Весник
Македонија

За еден ден во Скопје 56 санкционирани возачи на мотоцикли

Sankcionirani Vozachi 3.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во текот на вчерашниот ден (28.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Во акцијата беа контролирани повеќе од 115 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 56 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возачи возеле без возачка дозвола, 11 возачи имале несоодветна категорија, четири мотоцикли не биле регистрирани, три возачи не носеле со себе сообраќајна дозвола, еден возач бил под дејство на алкохол, еден не застанал на даден знак СТОП…

Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица

Левица останува без градоначалничко место, Ѓорѓиевски: Да го заврши факултетот и да не лажe