Утрински Весник
Македонија

АД МЕПСО: Се преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на евентуални неправилности во работењето на претходното раководство

22.1.mepso 271130 319225 344852.jpg

Новиот менаџерски тим на АД МЕПСО ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство, соопштија денеска од МЕПСО.

Што се однесува до начинот на кој се донирале средства од буџетот на АД МЕПСО, како што стои во соопштението, затекнавме ситуација дека истите се распределувале без соодветни критериуми.

– Па така претходното раководство на компанијата во последните месеци од функцијата “успеало” финансиската програма за оваа година за оваа намена да ја пречекори за околу 10 милиони денари. Ова е една од повеќето причини зошто побаравме сеопфатна ревизија. Јавноста има право да знае како се трошеле средствата од сите буџетски програми, но апелираме на трпение додека надлежните институции постапуваат, се посочува во соопштението од АД МЕПСО.

Новиот менаџерски тим уверува дека ќе практикува транспарентност и отчетност во сите сегменти на работењето на АД МЕПСО.

Можете да прочитате

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје