Утрински Весник
Македонија

За еден ден во Скопје казнети 63 моторџии

20240827 224013.00 00 51 27.still002.jpg

Во текот на вчерашниот ден (27.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.

Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во РСМ има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите