Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 55%, а со ДПМНЕ ништо – 0%!

Sdsm Web Default 1024x576 1.png

СДСМ со реакција по повод платите на образовните работници. Од таму обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај ветувањата не ги зголемува платите на наставниците, додека истите во времето на СДСМ пораснале за 55%.

„Голем е револтот, но и разочарувањето на просветните работници од власта на ДПМНЕ.

Наставниците во септември нема да го добијат очекуваното зголемување на платите од 12%, иако Мицкоски и ДПМНЕ тоа го ветуваа.

ДПМНЕ го погази ветувањето за унапредување на образованието.

Секој знае дека нема квалитетно образование без инвестиција во образовниот кадар.

Вложувањето во наставниците е инвестиција во иднината на нашите деца, но и на целата држава.

Но, Мицкоски и Јаневска немаат концепт за образование, ниту има намера да ги зголеми платите на наставниците. Повторно, ДПМНЕ во сите работниците гледа евтина работна сила.

Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза ги покачуваше платите.

Со СДСМ наставниците секоја година, во септември, новата учебна година ја започнуваа со повисока плата.

Во септември 2019 и 2020 година добија покачување по 5 отсто, во септември 2021, 10 отсто. Во септември 2022 и 2023 година СДСМ ги покачи платите во образованите на два пати по 15 отсто.

Кумулативното, СДСМ ги зголеми платите во образованието за над 55 отсто.

СДСМ и денеска е на страна на наставниците. Бараме Владата на Мицкоски да го исполни ветувањето и платите да им бидат покачени. Пари има! Во прашање е определување на приоритетите каде тие пари ќе се вложат“, стои во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот