Утрински Весник
Македонија

ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ ПРОДОЛЖЕНО ЛЕТО: Високите температури продолжуваат и во првата половина од септември месец

Grcija Toplo More 660x440 1.jpg

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа.

Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.

Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека власата се фали со роаминг, граѓаните немаат пари за патувања 

Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло