Утрински Весник
Македонија

Прилепчанец предизвикал пожар: Во метални буриња запалил предмети и ѓубре

Pozar 1.webp.webp

На 27.08.2024 во 11.35 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар. Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.

Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава.

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)