Утрински Весник
Свет

Украински напад со дрон предизвика пожар во складиште за гориво во руската Ростовска област, нема повредени, тврдат локалните власти

20240828100415 Big 730x400 5 E1724833300734.webp.webp

По нападoт со украинско беспилотно летало, избувна пожар во складиште за гориво во Ростовската област, но нема повредени, соопшти денеска гувернерот на тој регион, Василиј Голубев.

„Во областа Каменски избувна пожар во складиште за гориво по напад со дрон, но нема жртви“, напиша Голубев на својот канал Телеграм и додаде дека нема опасност пожарот да се прошири на станбените згради.

Гувернерот на Ростовската област претходно објави дека околу 3 часот по московско време биле соборени четири дронови во Ростовската област и осум над областа Вороњеж.

Можете да прочитате

Трамп: Си и јас се согласуваме дека Иран не смее да има нуклеарно оружје

Потпретседателот на Иран: Нема да се откажеме од Ормускиот теснец по никоја цена

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина