Утрински Весник
Македонија

Предлог-законот за зголемување на пензиите ја помина владината процедура и оди во Собранието

296931 So Najnovoto Zgolemuvanje Makedonskite Prosechni Penzii Najvisoki Vo Regionot.jpg

Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложено од Министерството за социјална политика, демографија и млади, успешно ја помина владината процедура и наскоро ќе биде ставено на дневен ред пред пратениците во Собранието.

Овој Предлог-закон предвидува зголемување на пензиите во два наврати – на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Согласно со предложените измени, сите видови пензии остварени до 31 август 2024 година ќе бидат зголемени за 2.500 денари на 1 септември 2024 година. Дополнително, пензиите остварени до 28 февруари 2025 година ќе бидат зголемени за истиот износ на 1 март 2025 година.

Целта на овие измени е да се обезбеди подобрување на животниот стандард на пензионерите, со цел да им се овозможи поквалитетен и посигурен живот. Предлогот за измена на Законот претставува дел од напорите на Владата за подобрување на социјалната заштита и поддршка на пензионерите во услови на економски предизвици.

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова