Утрински Весник
Македонија

„Министерката ме вработи“ – како се вработува во јавна администрација

Whatsapp Image 2024 08 27 At 10.55.22 2f34513b.jpg

Партизацијата на институциите со децении е рак-рана на македонското општество и македонската економија. 

Речиси по правило партиите не ја гледаат власта како одговорност кон државата и граѓаните, туку повеќе како шанса за вработување на свои блиски пријатели и роднини, па и сопартијци. 

Македонија има нова влада од пред два и пол месеци, а тоа значи и нови личности на функции и нови вработувања во државните институции.

Последен таков пример е вработување на позната активистка на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Славица Ангелова. 

Ангелова, неодамна вработена во Министерството за финансии, јавно, преку социјални мрежи се заблагодари за вработувањето и тоа на никој помалку туку на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска. 

„Премиере Христијан Мицкоски голема благодарност што го цениш трудот кој сака подобра иднина за Македонија. Голема благодарност до министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска која процени оти можам повеќе од хигиеничарка и ме вработи во Министерството за финансии од денес. Бог да ја чува Македонија и Бог да ве благослови вас“ стои во објавата на Ангелова каде таа искажува благодарност. 

Пред последнитe избори ВМРО-ДПМНЕ во кампањата ветуваше крај на партиските вработувања и професионализација на државните институции, но во првите два месеци од владеењето со бројни примери на вработување и унапредување докажани партиски кадри, таквите заложби на ВМРО-ДПМНЕ останаа само на хартијата од предизборната програма која полека но сигурно бледнее.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите