Утрински Весник
Македонија

Потпишан договор за соработка помеѓу МВР и Финансиска полиција за електронска размена на податоци

3 2 2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (27.08.2024) оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. На средбата беше потпишан договор за соработка и давање на податоци во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, со што соработката на овие две институции во борбата со организираниот криминал, перењето пари и сите други надлежности кои заеднички ги имаат ќе биде многу побрза и поефикасна.

„Со потпишување на овој договор ќе овозможиме целиот процес на размена на документи во истраги и друг вид на соработки да се води преку Платформата на интероперабилност, наместо со физичка размена како што беше до сега. Министерството за внатрешни работи ја препознава потребата од водење на финансиските истраги паралелно со истрагите за организиран криминал и во таа насока градење на ефикасен систем кој ќе обезбеди конкретни резултати”, потенцираше министерот Тошковски.

Во Министерството за внатрешни работи, поточно во рамките на Одделот за криминалистичка полиција и во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал веќе успешно функционираат организациони единици во чија надлежност меѓу другото се и финансиските истраги.

„Со овој меморандум се овозможува побрза и поефикасна меѓуинституционална соработка која е потребна за постапките кои се водат преку управата за финансиска полиција и министерството за внатрешни работи, како и олеснување на процесот на пристап до базите на податоци. Сметам дека овој меморандум е само почеток на успешната соработка помеѓу двете наши институции.”, истакна директорот Ивановски, по денешната средба.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите