Утрински Весник
Македонија

Приведен кичевец поради предизвикување пожар

Pozar 1.webp.webp

Денеска ( 26.08.2024) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево.

Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.

По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнителноунапредување на условите за работа

Мрежа за заштита од дискриминација: Бараме конкретна одговорност од Африм Гаши за носење на законските измени за заштита на жените од насилство

Комерцијална банка предупредува: Не отворајте сомнителни линкови и не внесувајте податоци