Утрински Весник
Македонија

Нови 213 заболени Ковид-19, две лица починале

Kovid 19.jpg

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје – 99, Кавадарци – 23, Охрид – 20, Тетово – 18, Битола – седумнаесет. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци

– Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус.

– Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години – 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, се додава во извештајот.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!