Утрински Весник
Македонија

Перински во посета на ЈЗУ Нефрологија – Струга: Реновиран објект и подобрени услови за хемодијализа во специјализираната болница

Minister Perinski Vo Poseta Na Zu Nefrologi A Struga 3.jpg

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга во која во тек е реконструкција на објектот, а се подобруваат и условите за здравствен третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2″, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата Шема”.

Досега, како дел од проектот кој се реализира со средства обезбедени од Министерството, Швајцарската агенција за развој и соработка и од болницата, набавен е систем за централно снабдување со кислород наменет за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на кровот на објектот.

„Проектот е во завршна фаза, предвидено е до крајот на годинава целосно да биде имплементиран со што значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа. Несомнено е дека современи објекти и медицинска опрема се суштински за соодветен третман на пациентите и за ефикасно и непречено функционирање на секоја здравствена установа,” истакна министерот Перински по денешната обиколка на ЈЗУ Нефрологија – Струга, заедно со директорот на болницата, Јетмир Зиба.

Директорот посочи дека како резултат на проектот, установата ќе ги намали трошоците за електрична енергија и комплетно ќе биде реновиран делот за „холидеј дијализа”.

„Во последниот квартал од годинава, останува да набавиме нови 17 кревети, 3 телевизори и болнички сет наменети за ‘холидеј дијализата’, по што на тој оддел дневно ќе можат да се лекуваат по 60 пациенти,” информираше Зиба.

Објектот на болницата е изграден во 1984, а изминативе четири децении немало поголеми градежни зафати, освен реконструкција на покривот.

Вредноста на целиот проект изнесува 26.043.286 денари. Министерството обезбеди 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите