Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ манипулираат со линеарното зголемување на пензиите, велат од СДСМ.
Пензионерите, според нив, се излажани и денеска Мицкоски потврдил дека нема да добијат плус 5.000 денари како што им се ветуваше.
„ВМРО-ДПМНЕ најавуваше зголемиување на пензиите за 5.000 денари, а сега велат дека нема да биде 5.000 денари туку на рати по 2.500 денари и тоа во септември и во март кога секако се зголемуваат пензиите заради усогласувањето.
Значи пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување во септември и во март. На износот што пензионерите секако би го добиле во септември и во март наредна година ВМРО-ДПМНЕ на тоа додаваат околу 1.000 денари, ништо повеќе.
Така разликата од она што пензионерите би го добиле со усогласувањето, и тоа што ќе го добијат на крај пензионерите е околу 1.000 денари повеќе. Значи нема зголемување на пензиите од 5.000 денари“, истакнуваат од партијата.