Утрински Весник
Македонија

Четврто издание на културно-научната манифестација „Светлината на Гонџе“

20240825154642 Big 730x400 55.webp.webp

Во организација на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците (ИКДНА) денеска во Скопје ќе се одржи четвртото издание на традиционалната културно-научна манифестација „Светлината на Гонџе“.

Отворањето на манифестацијата ќе биде на централниот плоштад во Скопје во 10 часот, а ќе биде промовирано и истоимено списание.

Четвртото издание на манифестацијата се совпаѓа со 114-годишнината од раѓањето и 27-годишнинатата од смртта на Мајка Тереза.

Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ладни утра, можен мраз и сонце преку ден!

Заврши мерката „училишна кошничка“, заштедата за семејство со двајца ученици е околу 3 000 денари, вели Ристески

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ