Пишува: Иван Анастасовски
Ако длабински се анализраат состојбите во спортот во нашата држава ќе забележиме дека основата на спортското организирање се граѓанските организации (осбено оние кои имаат тесна поврзаност со дејноста спорт). Па поради тоа спортот е систематизиран и организиран преку спортски граѓански здруженија преточени во спортски федерации, спортски асоцијации и спортски сојузи или спортки клубови па оттаму секој спорт засебно има своја спортска федерација која според правните норми е граѓанска форма на организирање но со обврска да има добиено дејност спорт преку Министерството за спорт со кое јасно се декларираат како засебна спортска организација за одреден спорт без оглед дали се работи за колективните или пак од индивидуалните спортови. Но факт е тоа дека сите тие спортски федерации се граѓански здруженија (најголем дел финансирани од државата). Но она што е интересно да се напомене е тоа дека спортските клубови кај нас во пониските рангови се на основа на здруженија на граѓани но согласно Законот имаат обврска кога ќе пристапат во највисокиот ранг на натпреварување во колективните спортови да се преструктуираат во акцинерски друштва со што државата алудира на тоа преку закон да ги капитализира т.е. да им понуди можност спортските клубови да бидат на ниво на компании кои во основа се занимаваат со дејност спорт.
Ако државата има намера да ги капитализира професионалните спортски клубови во тој важно е да се посочи дека капиталот ќе се движи само онаму каде тој има интерес и каде може во најмала мера да се промовира полесно што на некој начин е логично. Во таков случај фудбалот има доминатна улога, но при тоа и тука не е рамноправно кога говориме за машкиот фудбал визави женскиот фудбал кој се запоставуваа и е оставен на финасирање на самата федерација (граѓански сектор) или пак на општините (јавни финасии).
Јас лично ќе се осврнам на спортот гледан од дипотрија на граѓански концепт базиран на дебата, едукација, усовршување и креирање на јавни политики итн. Впрочем ние група на ентузијасти од повеќе стуки и области во сега веќе подалечанта 2011 година го формиравме Здружението за развојни иницијативи Геостратешки Институт Глобал каде како основа на нашето граѓанско здружување е спротот, младите, едукацијата и лицата со попреченост. Воедно, со сите потешкотии нашата граѓанска организација функцинира нешто повеќе од 12 години и тоа исклучително на база на проекти кои не се финансирани од страна на дражвата ниту од општините (значи дека не учествуваме на тие повици за граѓански орагнизации на локално или државно ниво) т.е се базираме на перформансот на менаџментот кој е проактивен во делот на изнаоѓање на финасии за реализација на проекти. Би сакал во оваа прилика да го цитирам поранешниот амбасадор на САД кај нас Г-дин Пол Волерс кој во една прилика на наш проект во делот на социјализација на маргинални групи преку спорт рече: сакам да ве охрабрам да продолжите да ги убедувате приватните компании во Македонија да ги поддржуваат проектите кои се од општествено значење за државата. Имено, здружението Геостартешки Институт Гловал од своето формирање до денес има организирано повеќе од 20 сериозни проекти во делот на спротот, младите и образованието што на национално што на меѓународно ниво. Исто така, би сакал да спомнам во оваа прилика дека нашите проекти во делот на спортот ги имаат поддржано активно Амабасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, УЕФА, БААП Виена, АСТЕРИ Грција, ИСКА Копенхаген а морам да бидам до крај коректен сите тие проекти биле по покровителство на поранешниот претседател на нашата држава Проф. д-р Ѓорге Иванов (не финансиски) за што ГИ Глобал ќе најде начин да му се одоложи за неговиот придонес.
Полека да влегувам во поентниот дел на оваа писание, основата на делување на Здружението Геостратешки Инстиут Глобал е промовирање, етаблирање и менување на јавните политики што претставуваа обврска на секој граѓански сектор, па за потесување ние преку нашите јавни дебати успеавме да го промовираме системот на спортски дипломати уште во втората влада на ВМРО, понатака наметнавме јавна дебата за начинот на финансирање на македонскиот спорт со што покажавме дека системот на таканаречен “ваучер“ е само привилегија на мал број на функционери. Но она што е за нас како спортски ентузијасти најзначајно е тоа дека преку организација од 2022 година на најмасовниот спортски самит во нашиот главен град Скопје кој е наречен Today’s Sport успеавме да ја реактивиравме идејата за повторно Министерство за спорт во нашата држава. Впрочем тргнавме со огранизација на овој значаен спортски самит во 2022 година преку скромни ресурси и со голема желба за успех.
Истото го направивме и во 2023 година каде за наше задоволство за прв пат министер за внатрешни работи во тој период г-дин Оливер Спасовски (без финасиски обврски) стана покровител на таа спортска манифестација. Сакам да бидам јасен до крај кога како граѓанска организација работите во делот на менување и етаблирање на јавните политики во конктретниот случај во спортот морате да соработувате со властите оти тие единствено одговорни за носење на одлуки во насока на подобрување на општествните сегменти во случајот тоа е спортот. Од година во година преку наша активност убедивме поголем број на приватни комапнии (што со поголем што со помал капацитет) да се приклучат на нашата идеја и тоа не само со финасии туку и со ресурси за што на спортскиот самит заеднички се бориме за носење на подобри јавни политики за развој на спортот. На тој пат наидовме на отворена врата кај повеќе приватни компании и тоа: АД Кожувчанка – Кавадарци, ДОО Скај Велнес – Скопје, Градба Промет ДОО – Кавадарци, Panteleon DS – Скопје, ELS Eco Logistic Service – Скопје, ПИН Петрол – Куманово, Градска Пивница – Куманово, како и Cevahir Holding – Скопје кои се во моментов најуспешен пример за превземање на еден спортски колектив во името на ФК Работнички преку што покажуваат одличен пример за професионално менаџирање во спортот (фудбал), но и многу други кои несебично се вклучија во нашата активност за менување на јавните политики во спортот и негово позицинирање кон капиталот.
Она што посебно не радува нас во Здружението е тоа дека актуелната власт предводена од ВМРО по втор пат покажува сериозен интерес за спортот во име на негово институционализирање преку Министерство за спрот.
Впрочем, мое видување за ова е апсолутно позитивно, но секогаш сум внимателен во своето јавно обраќање. Што тоа значи, ако како политичка структура имате доблест и визија за спортот и при тоа го систематизирате во засебно Министерво тоа укажува на фактот дека од денес па за период од некои 4 (четири) години ние како држава ќе имаме многу постабилен спортот во делот на: финансирање на спротот (осбено професионалниот), спортско менаџирање (раководење), спортски инвестиции (инфраструктура) и она најзначајното развоен спорт (младински), спортска дипломатија (мрежа на наши заслужни спортски личности). Сето ова сега ќе биде голема обврска на Министерството за спорт.
Оттаму, јавно ви сугерирам како дел од тимот кој функционира во Здружението Геостратешки институт Глобал заедно да ја однесеме манифестацијата спортски самит “Today’s Sport“ на едно повисоко со што преку спортот би претставувало симбол на главниот град на Македонија – Скопје. Оваа манифестација тргна јасно и без колебање па затоа оваа година на 15 и 16 Октомври во престижниот хотел Double Tree by Hilton, Скопје заедно со нашите партнери од соседна Грција, Србија понатака Турска, Бугарија, Црнагора, Словенија, Албанија, Хрватска и Германија го продолжуваме патот кон тиоа да се етаблира во врвна спортско-дебатна манифестација во делот на спортот. Воедно се надеваме дека сегашната Влада преко Министерот за надворешна политика Проф. д-р Тимчо Муцунски како покровител и Министерот Борко Ристевски како партнер ќе успееме за едно за остварување на нашата цел а тоа се јасни и прецизни спортски политики преку нов стабилен и модерен Закон за спорт.