Утрински Весник
Македонија

СВР Скопје уапси четири лица

Img 3107.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден и денеска (24/25.08.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбедно Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 126 лица, кај 64 од нив бил извршен и преглед. Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли.

Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба.

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.

Можете да прочитате

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки

Автомобил доцна синоќа и го попречил патот на пратеничката Петровска – “Цаци готова си”, и се заканиле