Утрински Весник
Македонија

Проверувајте ги сметките: Деновиве почнува исплатата на средствата од МојДДВ

Mojddv Smetka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Веќе долго време исплатата на поврат на ДДВ доцни. Граѓаните скоро секој ден очекуваат да добијат исплата, на социјалните мрежи пишуваат дали некој веќе ги има добиено парите од повратот на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи велат дека веќе се подготвуваат налозите за исплата, но точниот датум кога би ги имале граѓаните парите не знаат.

– Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше поради немањето на пари во буџетот, па се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот.

Можете да прочитате

Во Собранието денес ќе се бираат нови министри

Набавка на 100 нови амбулантни возила и уредување на паркингот кај Клиничкиот центар

Хуманитарна акција ,,Од сестрите за сестрите”