Утрински Весник
Македонија

Началник на северната граница од МВР и раководител во Општина Чаир го превезле Рамадани во Косово, СДСМ бара одговорност

Ramadani Blerim 749x450 1 585x351 1 1.png

Денеска СДСМ побара одговорност од министерот Панче Тошковскии и од началникот на граничниот премин Наум Рамука, за бегството на Блерим Рамадани.
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески изнесе информации доставени од свиркачи дека бегството било организирано а помогнале вработени во МВР и Општина Чаир и дека станува збор за „партиско-полициска организирана шема“.

СДСМ соопшти дека според информациите со кои располагаат Рамадани ја напуштил државава и заминал во Косово на 10 август со Наим Рамука, началник на северната граница со Косово и повторно се вратил во земјава. На 14 август, кога и избегал од државата, Рамадани бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука. И во двата случаја границата на Блаце ја поминале по лентата за товарен сообраќај без никаква контрола.

-Човек кој е неодамна поставен на оваа позиција од Тошковски. Согласно информациите, Наим Рамука со возило „рено“ го зел Блерим Рамадани од живеалиштето каде бил во куќен притвор. Од таму се упатиле кон границата со Косово кај Блаце и во 18.40 часот, по лентата за товарен сообраќај, ја поминале границата без никаква контрола. Наим Рамука, за потсетување, е истиот началник на Тошковски кој ги пропушти Гаши и сватовите да поминат без контрола на истата граница. Потоа, вечерта на 10 август, на ист начин, без контрола Рамука и Рамадани ја поминуваат назад границата кон Македонија и Рамадани се враќа во живеалиштето каде требало да биде во куќен притвор, рече Трајчулески на прес конференцијата во седиштето на партијата.

СДСМ побара одговорност од Тошковски и Рамука а од Основното јавно обвинителство да спроведе истрага на случајот.

-СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир. Да се истражи кој се учествувал во пуштањето на Рамадани и да се покренат постапки против сите. Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај. Бараме Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата, рече Трајчулески.

СДСМ бара и одлука за декласификација на камерите и снимките од грануичниот премин за да гонат сите инволвирани во скандалот.

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности