Утрински Весник
Свет

Подигнато нивото на безбедност во базата на НАТО во Германија поради потенцијална закана

20240823075831 Big 730x400 29.webp.webp

Военовоздухопловната база на НАТО во германскиот град Гајленкирхен го зголеми нивото на безбедност врз основа на разузнавачки информации кои откриваат потенцијална закана.

„Целиот основен персонал, освен оние кои учествуваат во мисија, е испратен дома како мерка на претпазливост“, се наведува во изјава на социјалната мрежа Икс.

Во изјавата се додава дека безбедноста на персоналот е приоритет и дека операциите продолжуваат според планот.

Нивото на закана е подигнато на второ по сила од вкупно четири нивоа на тревога, што значи дека некоја форма на терористички напад врз организациите или персоналот на НАТО е многу веројатна.

Ова е вторпат базата, каде што е сместена воздухопловната флота на НАТО со извиднички авиони AWACS, да го зголеми нивото на безбедност по инцидентот минатата недела, кога воена база во близина на градот Келн беше привремено изолирана поради истрага за можна саботажа на водоснабдувањето.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години