Утрински Весник
Македонија

МВР поднесе кривична пријава против луѓето што постапувале по екстрадицијата на Рамадани

Ramadani.jpeg

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи доставило известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) основи на сомневање за сторени кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на Блерим Рамадани и постапувале по истите.

Судот, како што посочуваат од МВР, донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост и дека мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика.

– Во врска со информациите кои непрекинато се шират по медиумите, а се поврзани со бегството на лицето Блерим Рамадани, известуваме дека на 17.07.2024 година на ГП Јажинце од страна на граничната полиција истиот е приведен и предаден на СВР Тетово, по што е спроведен пред судските органи. Напоменуваме дека натамошното постапување на судот не е надлежност на Министерството за внатрешни работи, но со оглед на тежината и сериозноста на делото за кое тој се товари и имајќи во предвид дека станува збор за странски државјанин, судот донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост. Имено, мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика, се вели во соопштението од МВР.

Напоменуваме дека и покрај споменатото, МВР продолжува со преземање на сите оперативно тактички мерки и активности.

-До ОЈО за ГОКК од страна на ОСОСК доставено е известување во кое се наведени и во целост објаснети основите на сомневање за сторени кривични дела од страна на лицето Блерим Рамадани, како и основи на сомневање за сторени кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на посоченото лице и постапувале по истите, информираат од МВР.

Врз основа на наведеното од страна на надлежен Јавен обвинител при ОЈО за ГОКК, како што информираат од МВР, издадени се писмени Наредби и дадени се насоки по кои ОСОСК постапува.

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје