Утрински Весник
Македонија

За Мицкоски барањето за повисоки плати било со политичка позадина

Mickoski1 22082024 1.jpg

Нема покачување на минимална плата на 450 евра, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. За првиот човек на владата ова прашање имало политичка позадина, за што ги обвини ССМ и СДСМ.

И со ребалансот не се предвидени пари за повисока минимална плата.
Мицкоски пред изборите ветуваше дека платите ќе бидат повисоки, сега кога
трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, премиерот им сврте грб на работниците.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера предупреди дека прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата оди на директна штета на работниците. Филипче истакна дека СДСМ успешно ги покачуваше платите изминатите 7 години.

,,Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок”-рече Филипче.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка