Утрински Весник
Македонија

Масовна тепачка во Драчево: Малолетник и двајца мажи со тупаници си ги барале парите кои им ги должеле

Policija 8.jpg

МВР во денешниот билтен информира дека на 21.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Д.(23) од Скопје пријавил дека околу 20.20 часот на подрачјето на Драчево, тој, И.А.(53), Л.Т.(56), двајцата од Скопје и С.А.(23) од Битола, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, биле физички нападнати.

Нападот,според пријавеното, бил извршен од С.П.(40) и малолетник, двајцата од с.Волково, Скопско и Г.С.(48) од с.Радишани, Скопско, кои употребиле и тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога

Приведен 73-годишник од скопско, пукал кон својот брат, нема повредени лица