Утрински Весник
Македонија

Патничко возило излетало од патот во Кумановско: повредени три лица

Srbi A Polici A.jpg

Денеска околу 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат кој води за с.Пчиња, во близина на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(21) од Куманово, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Л.С.(23), додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.Е.(20) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Можете да прочитате

СДСМ: Директорката на ГАК веднаш да поднесе оставка, поради прикривање смрт на бебе

СДСМ: Мицкоски побегна од Резолуцијата, дури во Брисел 

Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче