Утрински Весник
Скопје

Без струја утре делови од Сарај, Гази Баба, Арачиново и Илинден

Stru A.jpg

Без струја утре од 8:00 до 9:00 часот ќе бидат дел од жителите од селото Крушопек кон училиштето во општина Сарај, а од 8:00 до 12:00 часот дел од корисниците од населбата Железара и објектите околу градинката во општина Гази Баба. 

Без снабдување со електрична енергија утре од 9:30 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од село Арачиново и жителите на Брњарци и Сингелиќ во општина Гази Баба.

Во период од 8:30 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Дељадровци, Текија и Миладиновци во општина Илинден. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електродистрибутивниот систем во Град Скопје.

Можете да прочитате

Голем дел од Скопје утре без струја

Бесплатен „Wi Fi“ во паркот Јане Сандански во Аеродром

Без струја утре дел од Карпош и Волково