Утрински Весник
Македонија

Попладне услови за краткотраен пороен дожд

Vreme 1.webp.webp

Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена. UV=7

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово