Угостителски објекти и натаму узурпираат пешачки површини на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје.
Иако имаат предвидено површини за летните тераси, некои кафанџии поставуваат маси пред терасите, а некои се стигнати и до клупите наменети за одмор на пешаците.
Иако во неколку наврати дел од кафеанџиите беа казнети од општина Центар, сепак тие продолжуваат со узурпацијата.
Скопскиот кеј беше реновиран пред три години кога се стави крај на самоволието на угостителските објекти и им беше дозволено тераси да имаат само пред објектот, но од ова лето дел од угостителите постојано узурпираат зони предвидени за пешаците.