Утрински Весник
Свет

Во Канада регистрирани над 800 шумски пожари

Befunky 2024 7 2 16 18 23.jpg

Во Канада се регистрирани повеќе од 800 активни пожари, од кои 223 се надвор од контрола. Пожарите годинава се проширија на невообичаено голема површина, при што се зафатени области од провинциите на западниот брег до Атлантски Океан во источна и северна Канада.

Неколку недели има пожари и во националниот парк Џаспер, западна Канада. Жителите на градот Џаспер на 16 август, речиси еден месец по евакуацијата се вратија во своите домови. Но, пожарот уништи речиси една третина од градот.

Канада и минатата година Канада беше погодена од големи шумски пожари. До крајот на 2023 година, во повеќе од 6.000 пожари изгореа околу 15 милиони хектари земја – површина поголема од Англија.

Во просек, Канада губи околу 2,5 хектари земја годишно поради шумските пожари. Експертите предупредуваат дека поради климатските промени пожарите ќе станат почести и деструктивни. 

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп