Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособниот Тошковски да си даде оставка

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени. 

Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите. 

За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад. 

Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност. 

Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР. 

Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина