Утрински Весник
Македонија

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН КОЈ Е СО ЦЕНТАР НАД ИТАЛИЈА: На повеќе места следуваат нови обилни врнежи, грмежи и локално силно невреме

Meteoalarm.mk Nevreme.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, циклонската активност која е со центар над Италија и понатаму влијае на времето во нашата Македонија. Истата во текот на изминатата ноќ, најпрвин во западните предели, потоа и во Скопскиот регион, како и во источните предели на повеќе места услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на денешниот ден (вторник) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења  и со појава на град.

Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион денес (вторник) повторно ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје температурата ќе достигне до околу 30 степени.

Утре (среда) во попладневните часови ќе има изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И утре е можна појава на локално невреме.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег