Утрински Весник
Македонија

За шест месеци, онколошки лекови ќе има на Позитивната листа

Lekovi.jpg

За незадоволството од страна на онколошки пациенти, во врска со ревидирањето на позитивната листа на лекови,министерот Таравари вели дека тие ќе бидат вклучени во следното ревидирање, кое според него ќе се случи за шест месеци.

Секогаш треба да анализираме што се можностите и што се потребите и според тоа да ја направиме што порационална Позитивната листа. Меѓу другото, тука министерот е само како член во Комисијата. Ние ќе се обидеме повторно да бидеме рационални и ефикасни во изборот на следните лекови и јас гарантирам дека за шест месеци ќе подготвиме нови лекови со што ќе биде надополнета оваа листа-вели Таравари.

Тој смета дека недостигот од радиолози и патолози е проблем што онколошки пациенти чекаат за резултати од патологија. Таравари најави на листата на вработување приоритет ќе имаат токму овие кадри.

Можете да прочитате

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈНОВА АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Преку ноќта и утре (вторник) на повеќе места во Македонија врнежи, грмежи и локално силно невреме

Предмалку пукање во скопски Сингелиќ – испукани се 7 истрели

Ексклузивно: СДСМ утре ќе објави нови информации за злоупотреба на институциите од страна на Гаши