Утрински Весник
Македонија

Перински по состанокот со Арсовска: Сега сме уште позагрижени од претходно

Perin.png

„Сега сме позагрижени отколку пред состанокот“. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Потоа кажа дека на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите.

Од нивна страна не слушнавме ништо констуктивно, очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во Град Скопје, е една фаза од препреките, и затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците, иако нашите очекувања не се големи морам да признаам. Во таа насока ќе почекаме до крајот на неделава да видиме што план ќе се донесе, и во основа на тие заклучоци ќе носиме заклучоци.

Видеото од прес-конференцијата можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈНОВА АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Преку ноќта и утре (вторник) на повеќе места во Македонија врнежи, грмежи и локално силно невреме

Предмалку пукање во скопски Сингелиќ – испукани се 7 истрели

Ексклузивно: СДСМ утре ќе објави нови информации за злоупотреба на институциите од страна на Гаши